FCI група 5

Јапонски шпиц

health-tested-champion-japanese-spitz-stud-only-51bf6dbf5c8c9

Земја на потекло – историјат

Јапонскиот шпиц е потомок на фамилијата на артички шпицови. Се верува дека стигнале во Јапонија со руските имигранти. Иако биле одгледувани и размножени и во други земји, нивното одлгедување најмногу просперирало во Јапонија и затоа го добиле името јапонски шпиц.

Тело

Градите се широки и длабоки. Грбот е кус и прав. Ушите се мали, триаголни и исправени. Опашката е со средна големина, бушава, покриена со долги влакна и се носи над грбот.

Крзно

Крзното е право и бушаво однадвор, а меко и густо одвнатре. На вратот и рамениците треба да има густа грива и опашката да биде густо покриена со крзно и бушава. Бојата на крзното е чисто бела.

Карактер

Јапонските шпицови се паметни, весели, храбри и претпазливи. Тие се одлични домашни миленици затоа што одлично се сложуваат со децата и други домашни миленици. Претпазливи се со туѓинци, но брзо ги прифаќаат новите посетители доколку нивниот сопственик одобри. Лаат минимално. Соодветни се за живот во стан.

Дресура

Ова се паметни кучиња кои брзо учат и се доста послушни.

Исхрана

Не се воопшто пребирливи кога станува збор за храната, иако можеби така изгледаат на прв поглед.

Неопходна грижа

И покрај тоа што крзното е густо и бело, тимарењето не е комплицирано. Доволно е да ги четкате еднаш неделно со четка со остри запци за да продредете длабоко до внатрешниот слој на крзното и да спречите крзното да се заплеткува и замрсува.

Тренинг

Јапонските шпицови имаат потреба да се движат секојдневно. Овозможете им да трчаат и да си играат слободно (без ремен). Уживаат во агилни кучешки спортови како на пример „летачко топче“.

Информации за расата

Купи Миленик.мк

Потекло: Јапонија

Купи Миленик.мк

Број на стандард: FCI група 5 (Шпиц и Примитивни видови), Секција 5: Азиски Шпицови и слични видови, #262

Купи Миленик.мк

Висина на мажјак: 25 – 40 см

Купи Миленик.мк

Висина на женка: 25 – 40 см

Купи Миленик.мк

Тежина на мажјак: 9 – 10 кг

Купи Миленик.мк

Тежина на женка: 9 – 10 кг

Купи Миленик.мк

Надимак(Прекар): Japanese Spitz

Купи Миленик.мк

Животен век: 11 до 12 години