FCI група 4

Јазовичар

luci

Земја на потекло – историјат

Јазовичарот потекнува од Германија од XVI век. Неговото име на германски потекнува од германскиот збор ‘dachs’ кој значи јазовец. Биле одгледувани да го бркаат и ловат пленот, а поради нивните куси нозе тие биле идеална раса на кучиња за вовлекување во дупки, а со тоа и одлишни ловџиски кучиња. Се верува дека кусите нозе ги наследиле со мутација на гени. Како посбена раса јазовишарите биле признаени во 1910 година од кога постепено растела нивната популарност за денес да станат едни од најомилените домашни миленичиња.

Постојат неколку видови на јазовичари. Тие се воглавно исти во сите карактеристики, но се разликуваат по крзното. Така, постојат јазовичари со мазно крзно, јазовичари со грубо крзно и јазовичари со долго крзно. Исто така, јазовичарот може да биде стандарден или минијатурен според големината. Минијатурниот јазовичар е копија на стандардниот освен што се разликува во големината. Оваа помала варијанта била размножена за да има куче на кое ќе му биде уште полесно да се протнува во дупките на пленот. Јазовичарот со мазно крзно е оригиналната варијанта од оваа раса. Јазовичарот со грубо влакно и јазовичарот со долго влакно се добиле откако јазовичарот со мазно крзно бил вкрстен со други раси на кучиња. Јазовичарот со грубо крзно се добил со вкрстување на оригиналниот јазовичар со расата на кучиња Данди Динмонт, а јазовичарот со долго крнзо се добил откако оригиналниот јазовичар бил вкрстен со расата German Stoberhunds.

Тело

Сите јазовичари се препознатливи по своите долги тела и куси нозе. Имаат рамен грб, длабоки гради, вовлечен стомак. Рилката е засводена. Очите се во форма на бадем. Ушите се високопоставени, умерено долги со заоблени врвови и висат блиску до образите. Опашката е високопоставена и се носи во линија со грбот, а не свиткана.

Крзно

Крзното на јазовичарот може да биде мазно, грубо или долго. Боите на крзното може да бидат: црвено-кафеава, црна, жолта, чоколадно кафеава, темнокафеава со црвена и црно со жолта.

-јазововичарот со мазно крзно:
Крзното на овој јазовичар е кратко, мазно и густо.

-јазовичарот со грубо крзно:
Влакното на крзното на овој јазовичар треба да биде право и што е можно поцврсто и пожилаво.

-јазовичарот со долго крзно:
Крзното на овој јазовичар е меко со долго и малку брановидно влакно.

Карактер

Јазовичарите се активни, храбри, самостојни, снаодливи, љубопитни, настојчиви, внимателни, вешти и издржливи. Тие се прекрасни домашни миленици и одлични чувари. Тие се многу среќни и весели кучиња, па дури понекогаш ќе бидат и комични. На моменти знаат да бидат и немирни. Уживаат да се дружат со луѓето. Добро се сложуваат со други кучиња, но знаат да им пристапат дури и премногу храбро на поголемите кучиња. Со други домашни миленичиња треба да ги запознаете уште додека се мали за да избегнете несакани проблеми. Резервирани се со туѓинци и може да им лаат. Со фамилијата се зближуваат и приврзуваат многу. Добро се сложуваат со децата кои ги познаваат, но може да се однесуваат агресивно кон деца кои не ги познаваат. Јазовичарите со грубо крзно се поживи од другите видови, а минијатурниот јазовичар може да биде порезервиран.

Дресура

Дресирањето на сите видови јазовичари треба да биде строго и доследно затоа што знаат да бидат своеглави. Сепак кога го укорувате тоа треба да биде нежно и внимателно за да не се исплашат, затоа што јазовичарите се и многу осетливи.

Исхрана

Јазовичарите јадат скоро се што ќе им дадете и многу лесно може да станат предебели.

Неопходна грижа

-јазововичарот со мазно крзно:
Тимарењето е лесно и едноставно за оваа варијанта. Доволно е повремено четкање на крзното со гумена четка за да се отстранат мртвите влакна. Ушите треба да се одржуваат чисти, а канџите да се сечат.

-јазовичарот со грубо крзно:
Потребно е често четкање за крзното да изгледа здраво и уредно, како и за да не е заплеткано и замрсено. Крзното ќе треба да се стрижи околу два пати годишно (во зависност од состојбата на крзното). Крзното на врвот на главата треба да биде кратко. Стрижете ја и вошокот коса меѓу нозете односно шепите. Ушите треба да се одржуваат чисти, а канџите да се сечат.

-јазовичарот со долго крзно:
Крзното на овој вид јазовичар е доволно да се четка повремено за тоа да изгледа здраво и уредно, како и за да не е заплеткано и замрсено. Обрнете им повеќе внимание на деловите кои полесно се замрсуваат. Доколку е потребно стижете ја вишокот коса меѓу шепите. Ушите треба да се одржуваат чисти, а канџите да се сечат.

Тренинг

На јазовичарите им е потребно умерено движење и вежби за да останат во форма. Кога сте надвор во јавност треба да ги водите на ремен поради нивниот природен инстинкт за ловење кој најверојатно ќе ги натера да бркаат и ловат други животни. Најдобор е да избегнувате да му придавате напор на нивниот грб, па не се препорачува да им дозволувате премногу да трчаат горе-доле по скали.

Заболувања

Во минатото, сите видови јазовичари страдале од сериозни проблеми со грбот поради тоа што одгледувачите доста често се обидувале да добијат куче со што подолг грб кој не бил пропорционален со телото. Денес, по внимателно размножување, тие се многу поздрави кучиња со подобри пропорции. Како и да е, доколку сакате јазовичар за домашно милениче се пепорачува да го купите од искусен и докажан одгледувач.

Информации за расата

Купи Миленик.мк

Потекло: Германија

Купи Миленик.мк

Број на стандард: FCI група 4 (Јазовичари), Секција 1: Јазовичари, #148

Купи Миленик.мк

Висина на мажјак: 30 – 35 см

Купи Миленик.мк

Висина на женка: 30 – 35 см

Купи Миленик.мк

Тежина на мажјак: 3 – 9 кг

Купи Миленик.мк

Тежина на женка: 3 – 9 кг

Купи Миленик.мк

Надимак(Прекар): Dachshund

Купи Миленик.мк

Животен век: 14 до 17 години