Корисни совети

Што се треба да знаете доколку се одлучите да набавите кученце

Happy-Family-with-Trained-Dog1

Што се треба да знаете доколку се одлучите да набавите кученце

Доколку сте одлучиле да набавите кученце во својот дом, треба да донесете одлука какво ќе биде тоа. Најпрво треба да се одлучите дали тоа ќе биде куче со педигре или без него. Од некогашните првобитни кучиња, чиј потомок бил волкот, луѓето, по пат на селекција, створиле преку 300 различни раси на кучиња.

Честопати, набавката на куче зависи и од некои други околности, како што се големината на домот во кој живеете, градината и сл. Поради тоа мора да се води сметка за големината на вашиот нов миленик. Според големината, кучињата може да се поделат на мали – до 25 см, средни од 25 до 50 см и големи, повисоки од 50 см. Бидејќи љубителите на кучиња, кучето го купуваат мало, однапред треба да знаат во какво куче ке се претвори тоа мало „суштество“. Потребно е претходно да се распрашате за карактеристиките на кучето кое сакате да го набавите. Може да се случи да земете мало кученце кое подоцна ќе израсне во големо куче за кое нема да има простор во домот.

Еден од пресудните моменти е и должината на влакното. По должината на влакното, кучињата се делат на кратковлакнести и долговлакнести. Кучињата го менуваат влакното два пати годишно, на пролет и во есен. Тогаш им паѓаат старите влакна и им растат нови. Ако кучето живее во стан, влакната, во најголем дел ќе се задржуваат на тепихот. Долговлакнестите кучиња е доста тешко да се одржуваат чисти. Но, се ова не мора да биде препрека доколку Вас ви се допаѓа токму такво куче.

Темпераментот на кучето може да биде важен фактор при одбирањето. Некои луѓе сакаат помирни, некои сакаат потемпераментни кучиња. Препорачливо е да се купи младо кученце затоа што може да се воспита и дресира по ваша желба. Ако купувате младо кученце, тогаш препорачливо е да се земе кога ќе му заврши периодот на цицање. Младото кученце мора да остане најмалку 6 до 8 недели со мајката, затоа што во тој период, преку млекото т.н. колострално млеко, ги добива сите заштитни материи кои му се неопходни во првите 6-8 дена за правилен развој и заштита. Младите кученца кои веќе се оттгнале од цицање, треба да се вакцинираат против штенечак и лептоспироза, заразно воспаление на црниот дроб. Секое куче кое ќе наполни 3 месеци старост , задолжително подлежи на вакцинација против беснило. Секоја година оваа вакцина е задолжителна. Во пракса се покажало дека кученцата кои се прерано оттргнати од мајката се неотпорни, подложни на разни болести и слабо напредуваат. Младото куче не треба да се купи / земе пред 6-тата недела од својот живот.

Купеното кученце, најдобро е да се превземе од одгледувачниците во претпладневните часови. Обично, тоа е тажно кога ќе се одвои од мајката и му треба време да се навикне на новата средина. Ако веќе сте купиле куче, мора да се грижите за неговата здравствена состојба. Една од специфичните заштитни мерки е вакцинација. Заштитата на организмот не настанува веднаш по нанесувањето на вакцината, таа е во зависност од видот на вакцината, од 8-15 дена од вакцинирањето, а кај некои вакцини и подолго. Кучето кое сакате да го вакцинирате мора да биде здраво. Мора да обрнете внимание кучето да нема надворешни паразити – крлежи и болви или внатрешни цревни паразити – глисти. Ако се работи за слабо нахрането куче (слабо развиено или болно), мора да се почека со вакцинацијата.

Благодарејќи на правовремената вакцинација, многубројни љубители на кучиња, можат на време да ги заштитат своите миленици од тешки болести. Секој прав љубител на кучиња сака да има убаво, здраво и негувано милениче.