Новости

Што се случува во Кинолошкиот Сојуз на Македонија ?!

KSM

Што се случува во Кинолошкиот Сојуз на Македонија ?!

Почитувани ,

Во пресрет на оддржувањето на Светското првенство за расата Шарпланинец , по кој знае кој пат турболенции го тресат Кинолошкиот Сојуз на Македонија !
Имено како што дознаваме од социјалните мрежи постои голема криза повторно во раководењето на истиот низ внатрешните структури , во пресрет на оддржувањето на првенството за Шарпланинци се појавија изјави низ статуси на социјалната мрежа фејбук од внатрешните луге во КСМ , судии и луге блиски до нашата кинологија каде дебатираат и пишуваат дека изложбата односно како што се најавува светското првенство не е одобрено од структурите на КСМ и не се запазени постапките и добивање на дозвола за организирање на оваа изложба.

Загрижувачки се коментарите каде читаме дека баш кога е најавен овој спектал повторно се случува нешто со кое се фрла темна дамка на раководството на сојузот а исто така и на Македонската кинологија.

Денеска сопственикот на Купимиленик.мк беше гостин во Утринска на Телма каде како и секогаш ги афирмира сите кинолошки манифестации без разлика кој ги организира и потикнува за зајакнување на интересот кај сите за овој тип на манифестации но веднаш потоа почнаа турболенциите на социјалните мрежи околу горенапишаното за оддржувањето на изложбата.

Дали овие турболенции ќе предизвикаат за лоша организација и афирмиција на изложбата како и за посетеноста на истата ако знаеме дека сето тоа се пишува јавно на социјалната мрежа фејбук и се чита од сите кој веке и го најавија своето просуство како одлгедувачи и натпреварувачи.

Купимиленик.мк јавно денеска проба да ги добие одговорите од вработените до Кинолошкиот СОјуз но беа недостапни за коментар на официјалниот телефонски број , како што може да се прочита исто така дека и вработените во Сојузот си дале отказ и дека во моментов во сојузот нема вработено технички персонал….што навистина се случува во КСМ во овој момент и што е вистината не е јасно ниту има било какво соопштение за јавноста, можеме само да заклучиме дека повторно владее големо незадоволство и по кој пат турболенции го тресат сојузот , дали е време претседателот на сојузот да искочи со информација и да не информира или повторно секое чудо таму што се случува ке биде заташкано и заборавено ?

Како медиум кој ги следи кинолошките манифестации во Македонија ќе ја следиме ситуацијата и ке ве информираме за целокупното случување , исто така че пробаме да добиеме изјава од официјалните лица во КСМ или пак од претседателот Г-динит Алексовски кој денеска не беше достапен за коментар , барем не за Купимиленик.мк

На кој му пречиме што ја обелоденуваме вистината ? Дали е време за драстични промени во КСМ и пензионирање на ликовите кој десетици години се едни та исти и ја доведоа Македонската кинологија на дното во целиот регион е прашање кое според нас треба да се покрене што побрзо и ефективно да се реагира ако сакаме да имаме кинологија и да ги задржиме и оние малку луге кој сакаат да се занимаваат со истата ако знаеме дека голем дел и ја увидоа ситуацијата и неможност да се пробијат веке и се откажаа кинологијата во Македонија.

За крај можеме да ви ветиме дека бурно ќе ги следиме сите случувања и како и секогаш целосно ке ве информираме за се што се случува.

Ваш Купимиленик.мк