Новости

Што се случува во Кинолошкиот Сојуз на Македонија ?

1

Потреси го тресат Кинолошкиот Сојуз на Република Македонија , што се случува во Кинолошкиот Сојуз на Македонија е прашање кое засега е енигма и никој засега не го знае правиот одговор и се засега се сведува на неофицијални информации кој се објавуваат на социјалните мрежи .

Имено , предходната недела речиси невозможно беше да се добие било каков контакт со канцеларијата на Кинолошкиот Сојуз и со техничкиот персонал кој работи во него , во неколку наврати како медиум се обидовме да дојдеме до било каква информација и изјава по основ на тоа што се објави на социјалните мрежи а тоа е дека во Сојузот се случува внатрешна истрага за член од највисокото раководство за кој се пишува дека ја злоупотребил својата позиција и ингеренции и го оштетил финансиски сојузот.

Според пишувањата на Кинолошката група на Фејсбук КИНОЛОГ МАКЕДОНИЈА се пишува за тоа дека скоро цела недела инспектори од финансиската полиција се во канцеларијата на сојузот и буквално се проверува секој детал поврзан со финансиите и работењето на сојузот.
За проневерата на еден од највисоките членово од раководството се пишива дека во моментов е под суспензија и дека веднаш му се одземени сите ингеренции како и му е одземен печатот и службениот телефон.

Во теков на денот со брзина на светлината се пишува за овој настан но никој официјално неможе да потврди , од блиски извори дознаваме дека ургетно е закажан Извршен Одбор на сојузот за во среда каде низ изјава за медиумите КСМ ке се огласи за овие случувања, денеска речиси невозможно беше да се дознае ништо ниту пак да се добие било каква информација од КСМ , на службениот телефон никој не се јавува а раководството е недостапно за медиумите.

Купимиленик.мк ќе ја следи целосно ситуацијата и навремено ќе ве информира за се што следи периодов , кинолозита во Македонија се згозени од вакви настани кој и предходно се случувале , дали е време веќе навистина нешто драстично да се промени е прашање коа се почесто се поставува на форумите , дали со ова оставаме впечаток дека сме земја каде Кинологијата од година на година иде се надоле и имаме лош имиџ, до кога вака е прашањето за кое ни авторот на овој текст нема одговор.

Стефан Кирков
Купимиленик.мк