Новости

Хумана приказна – Никола Ефтимов во спасувачка мисија за бездомните кученца Пламен и Рекс !

15356598_10154351187320000_1460654138908141827_n

Почитувани посетители на Купимиленик.мк , со особена чест и задоволство ви ја пишуваме хуманата мисија која сите треба да ја следиме а примерот ние познатиот наш моден дизајнер и професор Г-динот Никола Ефтимов кој заедно со уште две сосетки од населбата учествуваа во спасувачка мисија за нивните маалки миленици Пламен и Рекс.
Целата сторија ви ја презентираме превземена секако со дозвола од официјалниот ФБ профил на Г-динот Никола Ефтимов за кој му симнуваме капа и сите треба да сме горди на неговото дело. Низ краткок разговор со него , ни дополни дека Пламен е стар 12 години , по извлекувањето од стационарот Вардариште Никола го вдомил Пламен ноќта и се додека некој не го вдоми ке се труди Пламен да барем навечер да биде на топло во домот на Никола.
По објавувањето на оваа сторија многу позититвни критики добија Никола и сосетките за ова дело како и излегуваат планови и иницијативи за помош на бездомните кученца во овие ладни денови кој престојат.
Во прилог и целосниот статус на Никола Ефтимов.

Ова е Пламен !
Пред две недели, а по дојава на луѓе од соседството, Пламен и Рекс (друго преубаво и премило куче) завршија во Вардариште. Кога дознав, мислев дека се разболев од болка. Утредента, со неколку благородни жени од населбата отидовме во Вардариште да молиме да ни ги дадат кучињата. Луѓето вработени таму беа крајно љубезни и професионални, по една недела после завршеното тестирање на крвта, ни ги дадоа. Основата по која биле пријавени е наводната агресија, а друга причина била затоа што влегувале во влез да се сокријат од студот!
И покрај сета љубезност на луѓето, до крајот на животот нема да ги заборавам истрауматизираните лица на кучињата и нивното тажно цимолкање.
Ве молам, не ги пријавувајте уличните кучиња, тие не се виновни што некои луѓе некогаш ги имаат фрлено на улица. Со пријавувањето, ги повредувате нив, луѓето кои ги сакаат и другите кучиња. Тие имаат изградено деликатни односи со кучињата од групата, периодот кога Пламен и Рекс беа во Вардариште, другите кучиња од болка одбиваа храна.
Пламен, според некои луѓе има 12 години. Ќе се обидам да го навикнам да живее кај мене, но ќе треба време. Научен е на слобода, но во други ситуации е крајно престрашен. Пред малку го имавме првиот (неуспешен 🙂 ) обид за капење. Не сакав да го малтретирам, го оставив да спие, па ќе се обидеме другпат. Кутриот не може да се доспие, ваков мир нема почувствувано цел живот. Во преодниот период, можеби ќе треба да биде делумно кај мене, делумно да се дружи во групата. Не можев да го оставам надвор, преплашен сум од помислата дека повторно ќе го однесат.
Се надевам дека ќе се најде решение и за Рекс, крајно лојално куче кое би преживеало и во двор, но со луѓе кои би го сакале.