Новости

Француски Булдог “ Малиот кловн во наметка на филозоф “

182575_475704372473750_1004895156_n

Го нарекуваат и “ малиот кловн во наметка на филозоф “. Овој прекрасен мал придружник е исклучително добродушен.
Тој е особено приврзан кон својот господар, кон деца, па дури понекогаш знае да биде и по малку посесивен.
Тој треба да биде дел од секое семејство и секогаш ќе сака да биде во близок контакт со вас.
Секој “ френчи “ поседува своја уникатна личност, но обично се независни мислители, интелигентни, и со малку немирна страна во нив.
Добро се однесуваат ако се за тоа добро обучени ( дресирани ). Лесно се дресираат, но доста се тврдоглави, па затоа зададената задача/наредба ја извршуваат кога се комплетно убедени самите во себе дека тоа е за нив интересно.
Нивна омилена “ задача “ , се разбира, е седењето во скут, а за тоа не треба обука. Ќе треба да бидете подготвени да ја споделите вашата омилена фотеља.
Тие се кмпатибилни со други домашни миленици, но понекогаш имаат “ недоразбирање “ со мачки. Тие се оста активни, цело време се на “ штрек “ спремни за игра во секое време и не бараат многу вежбање. Има моменти кога имаат огромен наплив на енергија, но подоцна тоа се претвора во долги периоди на спиење и тетеравење наоколу.
Поради кратката муцка, мора да бидете внимателни да не ги префорсирате до степен на прегревање.
Не се однесуваат добро на високи температури, па затоа најдборо е да бидат во климатизирана просторија во топлите денови.
Знаат да бидат територијални и заштитнички настроени, и знаат “ некогаш “ да ги предупредат своите сопственици за некаква опасност, но не и секогаш.
Некои француски булдози никогаш не лаат на непознати лица. Тие се типична тивка раса на кучиња и воопшто не лаат прекумерно. Овие лојални мали “ типчиња “ се идеални миленици за во стан, освен со тоа што се лигават почесто и доста почесто имаат гасови, а исто така и ‘рчат гласно.

ЗАТОА ПРЕПОРАЧУВАМЕ – КУПЕТЕ СИ ФРЕНЧИ ЗАТОА ШТО ЖИВОТОТ СО ФРЕНЧИ Е ПОУБАВ !!!