Кинолошки манифестации

Традиционални есенски изложби во организација на Кинолошкиот сојуз на Македонија

14495412_10154482917043991_4137101456148358883_n

Традиционални есенски изложби во организација на Кинолошкиот сојуз на Македонија

Во текот на викендот (22-ри и 23-ти октомври) ќе се одржат две меѓународни CACIB изложби за сите раси на кучиња, квалификации за претстојната Крафтс изложба која ќе се одржи во Велика Британија од 9-ти до 12-ти март 2017, како и специјализирана изложба за расата Американски Стафордски Териер. По завршувањето на изложбите и избор на најубавите кучиња од сите пријавени, се избират најубави од најубавите односно Супер Бест ин Шоу, за кои постои и дополнителен фонд на награди, покрај вообичаените.

Изложбите се со почеток од 10:00 часот со место на одржување на терените на Хотел Белви во Скопје.

На изложбите ќе судат реномираните судии:

Милиќ Ралиќ – Србија

Сања Вретениќиќ – Црна Гора

Миодраг Вретениќиќ – Црна Гора

Савас Шиапанис – Кипар

Миле Алексоски – Македонија

Филип Богоески – Македонија

Методија Зафировски – Македонија и

Сашо Пешев – Македонија

Информации за цени и пријавувањето на кучињата може да се изврши online преку сајтот на Кинолошкиот сојуз на РМ: www.ksm.org.mk или преку e-mail адреса: karmkd@gmail.com и на телефон: * 02 3085 860

Последен рок за пријавување е 16-ти Октомври 2016 година.