Новости

Топлотен удар е причината за загинувањето на 4 кучиња на изложбата во Лесковац – Србија

1

Топлотен удар е причината за загинувањето на 4 кучиња на изложбата во Лесковац – Србија

Денешните измерени 35 степени под сенка е причина за смрта на 4 кучииња од осетливите раси на големото натпреварување на Кинолошкиот викенд во Лесковц – Србија , информации од таму ни пристигнуваат од таму е дека и покрај брзата интервенција на дежурните ветеринари на изложбата не успеале да ги спасат овие 4 кучиња кој за жал го изгубија животот а причината е топлотен удар.

Иако Кинолошките портали од Србија и фан групите на Фејбук говорат за одличната организација на Кинолошкото друшство од Лесковац кој оваа година по 4-ти пат го одржува ова натпреварување наречено “South winner show” кое содржи интернационални и национални изложби за сите раси на кучиња како и специјализирани изложби за поединечни раси , оваа година е со трагична настан кој ќе остане запаметен .

Преставникот од Кинолошкото друшство Лесковац за порталот ЈУГМЕДИА.РС изјавил дека многу жалат за немилиот настан и дека организацијата била беспрекорна но неможеле ништо против топлото време , ангажирани биле и двајца ветеринарикој веднаш пружиле помош но за жал не успеале да ги спасат кучињата.

Ако знаеме дека некој раси не поднесуваат преголема жештина , ако некој раси едноставно и не треба воопшто да бидат малтретирани поготово не за изложби по секоја цена , ги молиме сите сопственици , одгледувачи да бидат хумани и да ова биде пример за во иднина да не се случат вакви немили настани .

Изложбата својот крај ќе го има утре кога на програмата е CACIB LESKOVAC .