Корисни совети

Тибетски Мастиф од милион долари

xpic4477

Под име Хог Донг, кое е кутре на познатиот тибетски мастиф, може да се пофали со титулата најскапото куче на светот. Всушност, познатиот Хог Донг го продале за 1.000.000 долари.

Тибетскиот мастиф се големи кучиња кои се однесуваат заштитнички према своите сопственици.

Во минатото ги чувале номадските кампови на Тибет.

Се верува дека овие кучиња се едни од најстарите раса на светот, а легендата вели дека Џингис Кан и Буда исто така ги имале овие кучиња.

Овие кучиња се чита ,,кинеска“ раса, која е многу ретка надвор од Тибет, по што се разликува од останатите раси.

Цената на ова куче во овие пет години, вртоглаво се подигна од 500 до 100.000 евра.

Карактеристики на тибетскиот мастиф

Сопственикот на овие скапоцени кучиња, Лу Лианг рекол дека кучето Хонг Донг стар 11 месеци, висок е 90 сантиметри и потежок од 80 килограми.

Хонг Донг јаде само пилешко и говедско месо, зачинето со егзотични деликатеси како што се морските краставици.

Према зборовите на Лу, високата цена на овие кучиња е оправдана, затоа што е потребно многу пари да се вложат во нивното одгледување. ,,Тој е совршен примерок на својата раса.

Поседува изврсни генови и ќе биде добар за понатамошното одгледување на оваа раса.

Кога започнав со оваа работа пред 10 години, не можев да замислам дека овие кучиња ќе бидат толку скапи“, рече Лу, кој одгледува тибетски мастифи во Лаошану во кинески град Qingdao.

Највредно кинеско куче

Овие кучиња станале статусен симбол кај Кинезите со длабоки џепови.

Така овај Хог Донг го купил еден богаташ од северна Кина.

А што е најинтересно, тој секое парење на својот нов скапоцен миленик ќе го наплаќа по 15.000 долари. Е, па кој сака нека повели.