Кинолошки манифестации

Скопје домакин на Зимските интернационални изложби ФОРЦА 2017 !

23561418_1255662141201886_747598101818108701_n

Скопје домакин на Зимските интернационални изложби ФОРЦА 2017 !

Почитувани ,

Кинолошкиот СОјуз на Македонија најавува Зимски интернационални изложби под името ФОРЦА 2017 , во месец декември Кинолошката треска повторно ќе ја тресе Македонија односно Скопје .

9-10 декември се датумите на оддржување на овие две CACIB изложби кој ќе се оддржат во Спортскиот центар Форца во Скопје односно во затворената сала .

Кинолошкиот Сојуз на Македонија најавува вистинско уживање овие два дена , прекрасна организација на изложба во затворен простор како и голема посетеност од многу одгледувачници за сите раси во регионов , преставници од КСМ за Купимиленик.мк велат дека вложени се максимални напори за организација на оваа манифестација , ангажирана е комбинирана судиска листа од интернационални судии .

Сите вие кој има расни , педигрирани а сакате истите да се здобијат со оценка за парење и стручно мислење или пак сакате вашето куче да започне изложбена кариера еве одлична прилика да си го пријавите кутрето.
Пријава можете да пополните на www.ksm.org.mk

Во месецот со многу прослави и веселби еве уште една прилика да уживаме овој викенд со кинолозите , со кучињата и да ја затвориме Кинолошката сезона за 2017.
Апелираме сите вие кој ги сакате кучињата , влезот во комлексот Форца ке е слободен, повелете заедно со нас да ги поздравиме учесниците од целиот регион.

Стефан Кирков
www.kupimilenik.mk