Uncategorized

Светско Првенство за Шарпланинци Скопје 2017 ( ФОТО)

23795382_10213586516593160_6419412417592570034_n

Почитувани љубители на Македонската Кинологија , почитувани посетители и пријатели на Купимиленик.мк , чест и задоволство ние да Ве информираме за најновото Кинолошко случување кај нас а тоа беше долгонајавуваното 3-то Светско Првенство на нашата гордост – ШАРПЛАНИНЕЦОТ !!!

Дојде денот 25 Ноември , ден за кого беше закажана оваа манифестација и празник за Македонската Кинологија , местото на одджрување беше прекрасниот двор зелен терен на Хотел Белви. Сончев ден од самото утро што беше показател само дека ке имаме убав ден и празник на очите затоа што според каталогот беа пријавени околу 100тина примероци од расата Шарпланинец од целиот Балкан .

Се упативме кон Хотел Белви а таму се беше се беспрекорно подготвено за почеток на Светското Првенство за расата Шарпланинец , дворот на Хотелот беше претесен за сите љубители на расата од целиот регион , познати одгледувачници веке беа на местото и ги спремаа своите Шарковци за натпреварувањето, професионални рингови со Македонско знаме , Македонска музика и со голем аплауз беше изложбата прогласена за отворена со културно уметничко друшство и Македонско оро .

Судиската листа ја сочинуваа Г-гата Полина Симич од Србија и нашиот интернационален судија Г-динот Габриел Стибел.

Изложбата течеше во супер одлична атмосфера , многу дружење , многу аплаузи и доделување на плакетки на познати имиња одгледувачи и луге кој придонесле за расата кај нас и навистина бевме горди што присуствувавме на една супер организирана изложба која беше според сите стандарди , организаторот Кинолошки Сојуз на Македонија со оваа организација покажа дека навистина има луге кој ја сакаат сеуште расата и дадоа се од себе не шредејки се да организаираат ваков настан кој го поздравија и гостите од другите земји кој беа на Белви.

Многу Шарковци , многу истрчани кругови низ ринговите и достојно презентираање на расата прикажаа натпреварувачите,според некои судењето било одлично според некој не , деновиве многу ќе се пишува за судиските одлуки а многу помалку за одличната организација но тоа е кинологијата на Балканот , на нас останува да честитаме на сите победници , да му честитаме на организаторот за одлично организираната изложба а на вас почитувани да ви презентираме фотки кој ги направивме за вас со кој ке ви ја доловиме атмосфрерата.

Повеќе фотографии ке бидат поставени на нашата фан група на ФБ – Kupimilenik

Стефан Кирков
Купимиленик.мк