Новости

Рускиот претседател доби АЛАБАИ кутре за роденден !

xx

Рускиот претседател доби АЛАБАИ кутре за роденден !

Претседателот на Русија , Владимир Путин синока го проласлави својот роденден , меѓу многуте делегации кој дојдоа на неговото работно место и му го честитаа роденденот еден слециален подарок го одбележа овој роденден на претседателот.
Кутре од расата Средноазиски Овчар или познато по ново како АЛАБАИ беше специјалниот подарок кој Путин го доби за подарок од неговиот колега – претседателот на Туркменистан Берди Мумамедов.
Прекрасно машко кутре кое беше донесено во транспортер во канцеларијата на Путин предизвика многу радост кај претседателот кој веднаш го зема во раце и го бакна!

Честитката со кутрето гласеше вака : Имаме заеднички пријател , ова е уникатно куче во светот од нашата заедничка раса АЛАБАИ,неговото име значи Лојалност, ви го подарувам и ви го честитам роденденот.

Во прилот погледнете го и видеото од настанот ….

Владимир Путин важи за човек кој многу ги сака кучињата, сопственик е на неколку АЛАБАИ , Лабрадор и Акита Ину.

Инаку расата АЛАБАИ е раса на куче која потекнува од Средна Азија , најзастапен е помегу Турменистан и Русија и е прогласена за национална раса , станува збор за едно од најагресивните кучиња во светот , молос , овчар кој плени со својот голем изглед на мечка и прекрасен карактер!