Новости

Промоција на нова Македонска раса – Мијачко Овчарско Куче

12370826_442773319259165_4436185527755527191_o

Почитувани посетители на Купимиленик.мк ,

Нашиот портал кој со години ги следи сите случувања во Македонската Кинологија денеска дојде со сознание за една екслузивна вест а тоа е дека ќе се промовира уште една Македонска раса под името МИЈАЧКО ОВЧАРСКО КУЧЕ !!!

Оваа вест се појави на социјалните мрежи и предизвика интерес од сите љубители на Кинологијата кај нас а интерес покажуваат и одгледувачи и кинолози од Балканот кој поставуваат прашања во врска со оваа вест која ненадејно се појави.
ВЛАТКО И МАРЈАН КОСТОВСКИ од Скопје се главните виновници за оваа промоција на како што велат уште една Македонска раса , имено Влатко и Марјан Костовски се лицата кој неодамна ја промовираа расата КАРАМАН и се главните виновници за афирмација на КАРАМАНОТ како раса , организаираа специјални изложби и промоции на оваа раса , ја промовираа расата со свој стандард и навистина можеме да бидеме горди на нив за се што прават и за залагаат со овие сознанија за нова раса за која верувајте сме нетрпеливи да дознаеме повеќе за неа.

Како потекнува расата, од каде, како изгледа , кој е стандардот на истата ….се само низата прашања кој ке бидат одговорени на промоцијата која е закажана за 28.12.2015 год во Кинотеката на Македонија во 20 часот.

Ве покануваме сите вас кој сте заинтересирани за овој настан и оваа промоција да присуствувате и да бидете дел од оваа промоција, ние како портал ќе бидеме присутни и низ фотографии и видео матеирјали ќе изготвиме и репортажа која ќе одговори многу прашања поврзани со оваа нова раса за која навиваме да се промовира и признае еден ден.