Новости

Продолжуваат турболенциите во Кинолошкиот Сојуз на Македонија !!!

Untitled

Почитувани посетители на Купимиленик.мк , од многуте ваши електронски пораки кој ги пракате до нас бевме должни према вас да продолжиме да Ве информираме и да се информираме околу големите потреси кој го тресат Кинолошкиот Сојуз на Македонија овој период.

Имено деновиве речиси и неможеме никако да стапиме во контакт со некој од раководните луѓе на Сојузот за да добиеме инфо што се случува , на официјалната страна на Кинолошки Сојуз излегоа две одлуки за суспензија на екс секретарот Слободан Настески кој се терети за големи финансиски проневери и фалсификати , одлуките се за суспензија како кинолошки судија каде му се забранува да суди на кинолошки манифестации во Македонија и во странство за што е известена и Светската Кинолошка Манифестација ФЦИ, другата одлука е дека повеќе не е член на стручниот совет при КСМ од причина што портив него има истрага за проневера и овие одлуки биде едногласно донесени.

Освен овие информации немозможно е да дојдеме до други сознанија , на социјалните мрежи се пишува и дебатира многу, на социјалната мрежа Фесјбук во групата посветена на Македонската Кинологија – Кинолог Македонија се објави фотографија од сега суспендираниот секретар Настески како суди на последната изложба во Србија – Београд и на изложба во Литванија …..прашањето е ако против екс секретарот има основани соснанија за тежок криминал и проневера како и фалсификат како е возможно да добие дозвола за да суди на овие две изложби и покрај изречената суспензија и дали КСМ за ова му одобрило дозвола за суди или Настески без знаење на сојузот повторно низ фалсификат сам си одобрил да суди , дали за ова е информирана Светската Кинолошка Организација ФЦИ ?

Низа неодговорени прашања , низа нејаснотии …. се споменуваат големи проневери на финански средства од страна на НАСТЕСКИ , илјаднци евра а за ова немаме и официјална пријава во Финансиската полиција на Македонија при Министерството за Внатрешни работи или пак сеуште истрагата трае и не еод јаден тип , од причина што инфото кое го имаме дека Настески веќе подолго време не е во Македонија , останува се нејасно и понатака без конкратни одговори и без конкретни промени но нашиот портал ќе ги следи настаните и ќе ве информира за најновите случувања.

Официјална потврда е дека на 29ти Декември ќе заседава Дисциплинската Комисија при КСМ по основ на горенапишаното каде е повикан и Слободан Настески да даде свој изказ , од преставник на дисциплинската комисија а близок на порталот добивме инфо дека ќе се суди ригорозно и дека секој кој направил било каков прекршок и го оштетил сојузот и ги прекршил правилата и прописите на КСМ ќе биде соодветно казнет.

Почитувани посетители , ние ќе ги следиме случувањата во нашиот сојуз и ке ве информираме за сите промени и сите информации кој доагаат до нас , разочарувањето е огромно од ова што се случува во нашиот Кинолошки Сојуз кој фрла темна точка и дамка на нас како Држава , дали навистина е време нешто да се промени , дали е време сите Државни институции како Финансиска полиција на Македонија , Управа за Јавни приходи да целосно се вложат во овој проблем и еднаш ама за секогаш го ослободат сојузот од овие лица кој не носат во безната и во една од налошите кинолошко развиени земји , дали е време да конечно работата се препушти на млади луѓе кој ќе знаат како правилно да се справат со оваа работа и да го донесат и водат сојузот на Македонија на прав пат , дали е време за големи промени и дали сите Кинолози на Македонија имаат сила за да се изборат за ова , ке покаже периодов кој следува.
Засега толку по основ на оваа тема , со најново инфо набрзо и само на Купимиленик.мк кој нема да дозволи да биде предмет на уцени и закани ако објави нешто , ние како портал секогаш ке сме на името на Кинологијата и на правилно работење на Сојузот !!!

Купимиленик.мк