Новости

Суспендиран секретарот на Кинолошки Сојуз – Слободан Настески

wa148

Почитувани посетители на Купимиленик.мк ,

По основ последните случувања и турболенции во Кинолошкиот Сојуз на Македонија , истиот доцна вечерва објави прва одлука на својот официјален сајт која гласи.

О Д Л У К А за суспензија на Слободан Настески од функцијата Генерален секретар на Кинолошки сојуз на Република Македонија

На одржан состанок на ден 25.11.2015 година, Извршниот одбор на Кинолошки сојуз на Република Македонија, ја донесе следната:
О Д Л У К А
за суспензија на Слободан Настески од функцијата Генерален секретар на Кинолошки сојуз на Република Македонија
Член 1
Лицето, Слободан Настески од Скопје времено се суспендира од должноста вршител на функција Генерален секретар на Кинолошки сојуз на Република Македонија, и тоа од ден 25.11.2015 година.

Член 2
За лицето Слободан Настески постои основано сомнение дека сторил неовластено влегување и злоупотреба на службените овластувања, а истото врз основа на приложена снимка од официјалните видео камери на агенцијата која ги обезбедува просториите на Кинолошки сојуз на ден 23.10.2015 година.

Член 3
Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
Претседател на Извршен одбор на Кинолошки сојуз на Република Македонија
Сашо Пешев