Новости

Откажана Државната изложба во Кичево !!!

10306743_4207263876174_1826012709332360299_n

Почитувани посетители на Купимиленик.мк ,

Штотуку добивме и официјална потврда од Кинолошкото друшство АВ-АВ од Кичево кое одлучи на само неколку дена од оддржувањето да ја откаже Државната изложба која требаше да се оддржи во склоп на Кинолошкиот викенд СКОПЈЕ – КИЧЕВО 12-13.09.15 !!!

Државната изложба требаше да се оддржи на 13.09 на спортските терени Крушино близу Кичево но во целост Ви ја постираме изјавата на Кинолошкото друшство АВ-АВ …
Поради недоволен број на пријавени кучиња како и технички проблем со судиската листа , Кинолошкото друшство АВ-АВ од Кичево ја откажува изложбата CAC , која беше планирана за во недела на 13.09.2015, се извинуваме на сите досега пријавени кучиња и се надеваме на ваше разбирање , сакаме да знаете дека проблемот не е до нашето кинолошко друшство , се надеваме на подобар датум на изложбата и поголем одзив на кучиња наредна година . Со почит од целото раководство на Кинолошкото друшство АВ-АВ ОД КИЧЕВО !

Почитувани посетители , сведоци сме дека во последно време Македонската Кинологија трпи низа пропусти а со самото тоа допринесува и многу од излагачите се помалку да ги посетуваат овие манифестации , исто така сметаме дека згуснетиот распоред на оддржување на изложби по секоја цена е причина за ваквата одлука на Кинолошкото друшство АВ-АВ за кое знаеме дека е едно од подобрите кај нас и постојано достојно организираше до сега изложби. Дали со ова достојно ја афирмираме нашата Кинологија , дали со вакви постапки и одлуки идеме напред или пак сето ова е демотивирачки за сите директно кој се уклучени во Кинологијата проценете самите, дали е време за некакви промени и посериозно работење на Кинолошкиот Сојуз на Македонија и институциите во него ??? …ова е наш став и наше видување за последните случувањата во Македонската Кинологија.