Новости

Мавровски Кинолошки викенд !

bbbb

Почитувани посетители на Купимиленик.мк ,

Ве известуваме за последното Кинолошко случување кое се оддржа во нашата земја а тоа беше Мавровскиот Кинолошки викенд !

Во организација на Кинолошкото друшство СКАРДУС од Гостивар и Кинолошкиот Сојуз на Македонија на ден 21 , 22 и 23 Јули на преубавите терени покрај Мавровското Езето се одрджаа три Цациб мегународни изложби за кучиња од сите видови на раси .

Доброто време , одличната организација , природните убавини , големиот фонт на награди и големата посетеност на излагачи од змејата и странство беа услов успешно одржување на овие кинолошки манифестации .

Според информациите кој доагаат до нашиот портал , оваа година навистина се поминало безпрекорно освен малиот број на Македонски излагачи но тоа е прашањето кое отвора големи дискусии за тоа каде се нашите излагачи и зашто не земаат усчество на нашите изложби .

Кинолошките судии одлично си ја завршиле својата задача а биле во мешан состав од судии од Република Србија , Босна и Бугарија.

Од Кинолошкото друшство СКАРДУС и од КСМ упатуваат благодарност до Општина Маврово – Ростуше и до Градоначалникот Г-динот Мукрем Мехмеди за несебичната подршка за организација на оваа манифестација.

Во прилог на оваа репортажа и фотографии кој се превземени од социјалната мрежа Фејсбук со кој ќе ви ја доловиме атмосфрерата од случувањето во МАВРОВО , честитки за организаторите од наше име и кога нешто е убаво вреди и да се пофали и афирмира.

Купимиленик.мк