Новости

Лечење со љубов : Гушкајте ги своите миленичиња– ЗДРАВО Е !

2

Лечење со љубов : Гушкајте ги своите миленичиња– ЗДРАВО Е !

Др Денис Томас од Вашингтон открил нешто во што нашите претци многу одамна длабоко верувале. Имено, открил дека во своите домови имаме лекови кои се многу поделотворни отколку оние произведени во фармако индустријата. Искрената и енергична прегратка на миленичето и неговиот сопственик , според мислењето на овој ветеринар,излечила многу болести за кои званичната медицина немала лек.

-Безброј пати сум бил сведок на неверојатни подобрувања на клиничката слика кога сопствениците се фокусираат на својот пријател, а не на проблемот кој им се појавил во нивниот живот. Како ветеринар во почетокот мислев дека процесот е едностран, но потоа сватив дека всушност тие еден на друг си помагаат и дека онаа приказна за животното спасено од нечија љубов и обрато никако не е патетична фраза туку чиста вистина- раскажува др Томас.

Кога ја прифатил оваа фасцинантна природна можност за лечење со љубов, др Томас почнал да истражува и да го шири своето знаење во оваа област.
-Почнав со тоа што им кажав на лугето кои имаат домашни миленичиња да се обидад со оваа метода. Единствено што требаше да направат беше да поверуваат во оваа можност и често искрено да го гушкаат своето милениче, да поминуваат што повеќе време со него, да го бакнуваат и да разговараат со него. Луѓето кои имале проблеми со артритис, хронични заболувања па дури и малигни промени имале неверојатни резултати. Истотака и животните кои боледувале од тешки болести имале подобрување на клиничката слика – раскажува др Томас.
Како интересирањето на др.Томас за оваа метода на лечење трае веќе една деценија тој ги споредувал своите заклучоци со оние до кои дошле лекарите во светските медицински центри. Така, по кој знае кој пат, дошол до доказ дека вибрациите кои ги произведуваат животните позитивно влијаат на срцето, на целиот кардиоваскуларен систем на човекот како и на нервниот систем.

-Кога нешто не боли нашето милениче ќе ни се приближи за да не помилува, да не бакне или ќе ни легне на болното место. Набрзо ке го почувствуваме аналгетското дејство. Ако сме тажни, нервозни, апатични или депресивни животните ќе не вратат во рамнотежа. Исто така и ние им помагаме на нашите миленичиња. Истиот образец на однесување ќе го забележите кај нив кога нешто ги мачи. Ќе дојдат до вас и ќе бараат помош. Вие ќе ги земете во раце, ќе ги мазите, гушкате , бакнувате и ќе се смират- објаснува др.Томас, нагласувајки ја едноставноста на оваа прекрасна метода на лечење.