Корисни совети

Куче против стрес

Patient-hugging-corgie

Куче против стрес

Не е случајност тоа што домашните миленици можат да го подобрат нашето физичко и ментално здравје. Тие не можат да бидат замена за лекови или терапија, но она во што се сложуваат сите експерти е дека милениците ја ублажуваат депресијата и нејзините ефекти кај голем број луѓе.

Домашните миленици и депресија: што кажуваат терапевтите?

,, Милениците нас, на нивни начин ни даваат психолошка утеха и влијаат на нашата физичка состојба за да се поправи“, вели Тери Врајт, психолог на еден од калифорниските институти. За да се зголеми успешноста на својата терапија и да се пробие мразот кај децата, таа во својата ординација чува два хрчаци. Интересно е дека тие и помагаат при терапија на возрасни. ,,Милениците самите со своето присуство прават да се осеќате подобро“, продолжува таа. Со тоа што само вашето куче мафта со својата опашка од среќа кога ќе ве види и скока околу вас после враќањето дома, тој влијае на тоа за да се поправи вашето расположение и менталното здравје.

Како домашните миленици со својата позитивна енергија влијаат на вашето расположение и здравје?
Моќта на милениците да го подобрат вашето расположение може да се изрази со два збора: безусловна љубов. Кучињата особено водат во тоа, затоа што секогаш им е неизмерно мило кога ќе ве видат. Кога сте уморни или тажни, вашето куче само почнува да искажува разбирање за вашата состојба и сочуство со тоа што почнува да ве бакнува, на кучешки начин, и затоа со своето присуство ви соопштува дека вие и вашето присуство за него е од исклучително значење, па прави да се осеќате посебно. А кога ќе добиете толку позитивна енергија од домашното милениче, невозможно е да не добиете желба да му вратите на ист начин и со тоа доаѓа до подобрување на вашето расположение. Тоа не е само случај со кучињата, туку и со останатите домашни миленици. Камил Хоу, сопственичка на приватна психијатриска пракса во Велика Британија, ги препорачува папагали за личности кои покажуваат симптоми на депресија, затоа што и птиците можат да бидат исклучително верни и добри за друштво, поточно на осамените личности.

Домашните миленици и стресот
Милениците првенствено придонесуваат подобрување на вашето ментално здравје така што го намалуваат стресот. Само уживање со домашното милениче може да делува исклучително смирувачки. Забележано е дека фамилиите кои чуваат еден или повеќе домашни миленичиња во многу помала мерка ја склонуваат депресијата и стресот.
Чувањето на домашен миленик ги поттикнува луѓето на физичка активност(секојдневно изведување на домашното милениче во прошетка, хранење…), што влијае и на подобрување на самото здравје. Домашните миленици всушност најмногу помагаат во надминување на депресијата.
Чувањето на миленик секако ќе ви го поправи менталното здравје, и тоа не само доколку чувате куче и некое друго животно.

Домашните животни и здравјето
Да напоменеме дека со самоиницијативното чување на домашно милениче нема да се излечиме себе или некој член на семејството. Доколку постои некоја болест во семејството, треба да се обратите на лекарот. Дури кога ќе се установи болест и покрај совет на лекар, можете да се одлучите за домашен миленик како додатна терапија.
За оние семејства кои имаат услови за тоа, топло им препорачуваме набавка на некое домашно милениче, без обзир на тоа што сите членови на семејството се здрави, затоа што домашното милениче ќе влијае многу позитивно на целокупната атмосфера во куќата.