Новости

Купимиленик.мк во посета одгледувачницата “ХРАМОТ НА БЕЛИТЕ ВИТЕЗИ”

nas

Почитувани посетители на Купимиленик.мк , на наше огромно задоволство и чест ја прифативме искрената покана да бидеме едни од ретките гости во една од најдобрите ако не и најдобрата и најпрофесионалната одгледувачница за кучиња во Македонија – специјализираната одгледувачница за расата АЛАБАИ во Македонија – ХРАМОТ НА БЕЛИТЕ ВИТЕЗИ или Temple Of White Knights Kennel .

Купимиленик.мк е секогаш мегу најуспешните и најпрофесионалните , имавме екслузивна можност како медиум да бидеме гости во храмот на Г-ѓа Ида Божанич и Г-дин Митко Малиновски сопственици на одгледувачницта Храмот на Белите Витези, поминавме еден прекрасен ден заедно со овие прекрасни луѓе кој не пречекаа одлично и денот навистина ни помина ептен брзо од причина што навистина имавме што да видиме , да фотографираме и да разговараме за расата АЛАБАИ.
Имено оваа одгледувачница е прва кај нас за оваа раса наречена уште како и Средно Азиски Овчарки Пес или популарно АЛАБАИ. Некаде после Горно Соње е храмот на белите витези , вистински храм со околу 30 кучиња од оваа раса , снежен ден со прекрасно сонче и 30 бели кучиња кој не пречекаа заедно со Ида и Митко.

Низ разговор со нив се стекнавме со едно ново искуство за нас за оваа раса и општо за Кинологијата од причина што Ида и Митко се долги години во Кинологијата , не запознаа целосно со расата Алабаи и ни го доловија секој детал за истата а ние само можеме да заклучиме од тоа дека станува збор за раса која плени со својот изглед карактер , поим за моќ и лојалност.

Неможевме а да не прашаме и за големиот број на пехари и дипломи кој ги видовме , на истите пишуваше шампион на Русија , шампион на Турција и уште многу други држави ….добивме одговор дека нивните примероци веке ги има и во повеќе земји и најчесто ги продаваат малите кучиња низ цел свет а нешто помалку на Балканов и кај нас , како идевме од бокс до бокс ги запознаваме Соња, Федор , Фарт , Медо и уште многу други а како за на крај не пречекаа и 9 малечки кученца од нивното последно легло , бели топчиња кој имавме можност да присуствуваме во моментот кога и тие прв пат се запознаваат со снегот и навистина беа како поларни мечиња.

Ида и Митко се главните виновници за афирмирација на оваа раса кај нас и се прва одгледувачница за Алабаи во Македонија , со увезени примероци од Русија од каде потекнуваат и најдобрите примероци потомци на оваа раса тие се мегу најпопуларните одгледувачници во Светскиот Кинолошки свет како одгледувачи со најдобри крвни линии и преставници на расата.

Нам ни беше навистина чест што бевме едно од ретките кој влегле во Храмот на Белите витези , им благодариме на Митко и Ида за прекрасниот ден и сме горди на нив , им посакуваме уште многу успеси на Кинолошки план а според она што го слушнавме а не смееме да го напишеме и е изненадување – навистина ќе бидеме сите ние сведоци на еден голем успех.

Во прилог на овој текс ви презентираме и дел од фотофрафиите од Храмот на Белите Витези – МАКЕДОНИЈА.

Купимиленик.мк