Новости

Кинолошкиот Сојуз на Македонија – дел од Светското кинолошко семејство !!!

k

Почитувани посетители , со големо задоволство сакаме да Ве информираме за еден историски момент кој е поврзан за нашата Македонска Кинологија.

На последната Светска изложба во Милано – Италија  се оддржуваше и генералното собрание на Светската Кинолошка организација ФЦИ ( FCI).

Македонската делегација ја сочинуваа преставници од Македонскиот Кинолoшки Сојуз, реномираните судии Г-динот Панче Дамески , Г-динот Перо Божиновски и секретарот на КСМ и реномиран интернационален судија Г-динот Слободан Настевски , на  генералното собрание беше прифатена апликацијата за Кинолошкиот Сојуз на Македонија да стане рамноправна членка на ФЦИ и да е дел од големата Светска организација под нашето уставно име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !!!

Навистина е ова е голем и историски момент  но сега и многу поголема одговорност за целата наша кинолошка јавност и за сите кој се директно на било кој начин инволвирани во Македонската кинологија , одговорноста е најголема и на раководството на Кинолошкиот Сојуз на Македонија и сите кој работат и се дел од него , сега кога веќе целта е постигната останува да се оправда зашто треба да сме дел од ФЦИ и да се зајакне нивото на се што е поврзано од Кинологијата кај нас.

Од името на целиот тим на Купимиленик.мк им честитаме на овој успех на Кинолошкиот Сојуз на Македонија  и луѓето кој напорно работеа за ова денес кое го читате да биде реализирано.