Новости

Казна до 500 евра доколку се откажете од вашето домашно милениче

kazna_od_500_za_mil

Kазни од 150 до 500 евра може да заработат граѓаните за напуштање домашно милениче, велат во Агенцијата за храна и ветеринарство. Според новиот Закон за заштитата и благосостојбата на животните, сите одгледувачници и продавници за домашни миленици мора да се регистрираат.

–Целта е да се води уредна евиденција на сите домашни миленици и тие да имаат микрочипови за да се намали бројката на скитници.

Во исто време точно ќе се знае кој е газдата на миленичето, кој го оставил на улица и конечно ќе се прекине праксата на напуштање на миленичињат.

Продавниците за домашни миленици треба да имаат посебни простории за разни видови и родови на животни што ги продаваат, простории за болни и повредени животни ако ги.

Глобите се движат од 500 евра за правни лица, до 250 евра за одговорно лице во правното лице.

За физичките лица кои ќе напуштат домашен миленик казните се 150 евра. Ако животното избега, ќе има постапка за утврдување како и на кој начин избегало, па потоа ако има основа, ќе се плаќаат и казни.