Новости

За ПРВ пат во Македонија на плажа со Вашите миленици !!!

19149244_866831490139122_3300069527852541342_n

За ПРВ пат во Македонија на плажа со Вашите миленици !!!

Почитувани посетители на Купимиленик.мк , со огромно задоволство ја проследуваме информацијата која утрово стигна до нас од наш пријател од Охрид кој дојде до идеја да го отвори Првиот бар на плажа во кој ќе биде дозволено да идеме на плажатата и во барот со нашите миленичиња !!!

МЕТРОПОЛИС ПЛАЖА БАР – Metropolis Beach Bar , кој наскоро се отвора во Охрид во пределот кај Св.Стефан е барот кој е за пример кај нас и е прв во кој ќе се дозволува да си ги носиме нашите миленици на плажа , сопственикот кој е наш пријател екслузивно за Купимиленик.мк вели дека идејата за вакво место во Охрид и била повеќе од потребна ако знаеме дека од ден на ден Градот Охрид станува се поголема туристичка дестинација и од туристи од странство за кој често патуваат и со нивните миленици и досега имаа проблем околу тоа да бидат заедно во кафич / плажа со нивните миленици .

Идеа за која мора да ја поздравиме и нека биде само пример за останатите сопственици на барови во Охрид па и во цела Македонија , летово во Охрид дефинитивно се гледаме во Метрополис Бар а вам ве замолуваме да ја проследиме и рашириме информацијата како би им помогнале на сите оние кој планираат летовање во Охрид со своите миленици да бидат во Метрополис бар !

Стефан Кирков
Купимиленик.мк