About Us

За Нас

kupimilenik_about

Почитувани ,

Во овој дел накратко би сакале да Ве запознаеме со начинот и принципот на работа на Купимиленик.мк при набавка на кученце. Во контекст на тоа , купимиленик.мк во своето 5 годишно постоење има отворено соработка и направен договор и патентирана набавка со повеќе од 100тина професионални одгледувачници и одгледувачи од Македонија , Србија ,

Унгарија Бугарија и Хрватска за скоро сите видови на кучиња. Со самото тоа може да понуди избор и набавка на скоро сите видови на кученца.

Во своето 5 годишно постоење во оваа дејност , купимиленик.мк има увезено блиску 250 кученца од најразлични раси.

 

Нашата идеја и стратегија за работа во оваа дејност е набавка на кученца и одговор на секоја побарана понуда за секоја раса.

Од причина што до сега кај нас не се обрнуваше внимание при набавка на миленик, одлучивме за формирање на купимиленик.мк кој веќе работи на еден сосема поинаков начин и метод при увоз на кученце кој во кратки црти истиот ќе ви го презентираме во овој информативен текст.

 

Начин на увоз и набавка на кученце.

  • На нашиот сајт постојано се ажурирани поставени легла на кученца од професионални одгледувачници и одгледувачи со кој Купимиленик.мк има отворено соработка.
  • На секоја побарана понуда од страна на нашите клиенти за одредена раса им се испраќа официјална понуда со слободните кученце кој се за резервација со детален приказ на пол, потекло и поседување на целосна документација кој миленикот ја поседува во тој момент.
  • Од кога клиентот ќе избере кученце од понудата и ја потврди резеравицјата , купимиленик.мк веднаш прави резервација од одгледувачницата е е должен од 5-10 денови истото кученце да го достави до новиот сопственик.

Купимиленик.мк од моментот на потврдената резервација е должен да организира транспорт на кученцето и подготовка на целосната документација за легално поминување при граничните премини.

Секое кученце набавено преку нас , задолжително мора да поседува : родовник, здравствена книшка со примени вакцини и ревакцини , интернационален пасош, вграден микрочип како и сертификат за здраво кученце кое може да патува во земјите членки на ЕУ.

Целосната документација е вкалкулирана во цената при договорот за набавка и истата по увозот му припаѓа на купечот на кученцето.

 

Транспортот го организира Купимиленик.мк и иситиот е вкалкулиран во цената при договорот за набавка. Истиот се врши по легален пат со извадена целосна документација.

За целата безбедност при транспортот на кученцата купимиленик.мк соработува со фирми превозници на пратки преку кој ги транспортира своите увезени кученце.

Кученцата патуваат во транспортери согласно нивната големина и истите се на увид на сите дежурни ветеринари при граничните премини како и нивната документација која е во прилог на транспортерот на секое кученце.

 

Од кога истото кученце пристугнува на договорената дестинација, купимиленик.мк е согласен на истото веднаш да се направи ветеринарен преглед или преглед од кинолошки судија за да се утврди здравствената состојба како и кинолошкиот квалитет на кученцето.

Истово сме согласни да го реализираме од причина дека сакаме нашите клиенти да се уверат во квалитетот и здравствената состојба на нивниот иден миленик.

 

По сето тоа , соработката помегу клиентите и купимиленик.мк продолжува и понатаму со тоа што ние како набавувачи за своите клиенти обезбедуваме целосно инфо околу се што им е потребно на новите сопственици од аспект на совети консултации , известување за сите тековни изложби и сл.

 

За нашите клиенти и кученца набавени преку нас Купимиленик.мк обезбедува:

  • Попусти во многу Петшоп продавници низ Македонија со кој Купимиленик.мк има отворено соработка за сите кученца кој се набавени преку нас да добијат соодветен попуст при кушување на сите артикли во истиот.
  • Попусти при Ветеринарни прегледи и услуги со ординации со кој Купимиленик.мк има отворено соработка за кученцата набавени преку нас да добијат попуст при сите здравствени услуги.
  • Попусти при избор на дресери на кучиња со кој Купимиленик.мк има отворено соработка.
  • Обезбедени попусти од застапниците на брендови на храна за кучиња за сите кученца кој се набавени преку нас да добијат соодветен попуст при купување на храна.

Купимиленик.мк во иднина најавува уште многу новитети за кој детално ќе се информирате на нашиот портал.

Се надеваме дека успешно ќе одговориме на сите ваши барања и дека токму ние ќе бидеме тие што ќе го донесеме Вашиот иден миленик за кој сме сигурни дека ќе внесе нов период во вашите животи и ќе ве исполни со среќа.