Новости

Екипата на Royal Canin во хуманитарна акција во Стајковци !

nas

Почитувани посетители на Купимиленик.мк ,

Ве информираме за една хуманитарна акција која залужува навистина голем почит и пример кој треба да го проследиме сите , имено во текот на вчерашниот ден екипата на Royal Canin – Македонија го посети регионот и селото Стајковци и со хуманитарна акција со донација на храна за милениците кој се наоѓаат во тој регион.

Tимот на Lidia Vet (Лидиа Вет) – Скопје / Royal Canin – Македонија, беше во посета на Стајковци, целокупниот тим посети многу фамилии кој имаат миленици и наиде на бездомни мачиња и кучиња во поплавените подрачја и донираа 150 кг храна за кучиња и мачки.

Утворо на кратко разговаравме со нив и за нашиот портал изјавија :

Се одеше од куќа до куќа, скоро сите добија од 3-6 кг. храна.Се хранеа сите животни на кои се наиде. Многу од оние чии сопственици заминале или се улични се дехидрирани, на сите им се даде храна и вода.
Се замолија луѓето околу да им даваат од донираната храна. Акцијата продолжува и за другите настрадани населби.

Во прилог проследете ги и фотографиите кој ги превземавме од социјалните мрежи , навистина голем почит и ова нека биде пример кој треба да го проследиме и продолжиме сите ние кој сакаме животни , сега нашата помош ним највеке им е потребна !