Новости

Добредојдовте повторно на Купимиленик.мк

10677151_10204026863245721_495096842_o

Почитувани посетители , пријатели и верни фанови на нашиот и Вашиот портал КУПИМИЛЕНИК.МК

Чуствуваме голема одговорност пред сите  вас за да Ве информираме зашто не немаше овие 4 месеци ,  долгиот период за кој не бевме присутни со порталот на интернет придонесе да се дружиме само на нашата фан страна на Фејбук и ви благодариме за целата доверба која ни ја дававте и давате и за подршката која ја добиваме  секојдневно преку вашите пораки.

Долгиот период го искористивме во реконструкција на тимот кој работеше на порталот , во реорганизација во една професионална компанија и секако стартуваме со нов редијзаниран портал кој е изработен според најновите  и најмодерните техники кој нудат низа можности  за кој ќе се уверите во периодов кој ни предстои.

Сакаме во неколку реченици да ве информираме за неколку работи , од самото основање на Купимиленик.мк се поставивме сосема со професионален пристап кон сите наши фанови , клиенти и пријатели , преку нашиот тим за набавка на миленици успеавме да увеземе преку 300 кученца од најразлични видови на раси и усрекивме многу семејства кој и ден денес со нив веќе сме големи пријатели  , спроведовме разни дружење со нашите кучиња во Градскиот парк , бевме медиумски покровители и единствени кој ги следат Кинолошките случувања во нашата држава , организиравме и подарувавме кученца , пренесувавме се што е поврзано за милениците и Кинологијата.

Како растеше популарноста на нашиот портал и тим така доаѓаа и низа проблеми со кој и ден денес пробуваме да ги решиме , бевме целосно копирани од еден друг сајт каде ни беа без наше одобрение нелегално украдени/ превземени  многу текстови , беше и е превземен целиот концепт на нашиот портал и што е најлошо , нашето име на истиот тој портал се валкаше и беа напишани низа небулози и ноторни лаги од измислени профили , се оцрнуваше нашата работа при набавка на кучиња и бевме обвинувани по најразлични основи за што ние покренавме и правна заштита и до ден денес сеуште работиме на тоа да сите кој го направија тоа да бидат соодветно санкционирани од нашите државни институции . Не би сакале повеќе да пишуваме за тоа и работата ја оставаме на институциите на системот , пред нас имаме цел и идеи и ќе се стремиме да бидеме вашиот број 1 портал во областа на домашните миленици со секојдневни текстови и случување, новости и занимливости , како и вашиот прв избор за набавка на вистински расен миленик во вашиот дом.

Ова е 5та година од нашето постоење , созревавме , собиравме искуство , можеби имавме и мали недостатоци но секогаш го исполнувавме ова кое го ветувавме , сега повторно сме заедно со вас со зголемен тим и со многу идеи и планови , ви ветуваме многу актуелни легла и увоз на кучиња во Македонија од најразлични раси и од најпопуларни одгледувачници , многу дружења и многу занимливости на вашиот и нашиот портал Купимиленик.мк