Корисни совети

Дете и куче

kid-and-dog

Кога семејството кое веќе има куче, добива дете, обично тоа не додава никакви потешкотии, ако кучето е доволно социјализирано и ако живее со нив како член на семејството. Меѓутоа треба да се внимава во првите 2 до 3 години детето да не остане само со кучето.

Заедното поминато време мора да биде строго контролирано од страна на барем еден родител.

Не мислете овде одма на најлошото. Статички е докажано дека за жал многу повеќе новороденчиња се жртви на еден од своите родители – пореметени личности, отколку на четириножните миленичиња на семејството.

Познавам такви луѓе кај кои децата првите чекори ги направиле држејќи се за големите влакна на кучето, но не е секое куче погодно да одигра улога на дадилка. Во тоа се најдобри овчарските кучиња. Социјализирано куче има доволно трпение кон детето на газдата, во многу случаеви дури и слуша наредби што детето ги дава. Сепак децата не можат да доминираат над кучињата до своите 10 до 12 години. Научниците тврдат дека кучињата таа не зрелост ја осеќаат преку мирисот.
Кучињата играат исклучително  важна улога во животот на децата. Заедничките игри делуваат многу позитивно на психофизичкиот развој на детето. Помеѓу останатите деца преку игри со кучиња учат безброј работи, кои им се од корист во животот. Тоа се: ОГОВОРНОСТ, ГРИЖА И ТОЛЕРАНЦИЈА.

 

Ако родителот го научи детето на време да се грижи за своето куче, тогаш во него изградува една способност, што и на некои возрасни луѓе недостасува, а тоа е ОДГОВОРНОСТ.

 

Кога детето се грижи за кучето, тоа за него е еден тип на игра, во која игра улога на возрасен. Од таа игра детето лесно учи што е тоа да се ГРИЖИШ ЗА НЕКОГО.

 

Играта со кучето е и некој тип на лекција за детето, затоа што така учи да го ПОЧИТУВА кучето. Многу брзо ќе сфати дека со кучето не смее и не може да прави секогаш она што ќе му падне на памет. Кучињата ни на малите деца не допуштаат се. Има една граница до која може да одат во играта, и кога тие се малку груби, кучето одма ќе ги извести со некое свое движење или звук дека стигнале до крајната граница во играта и што е најчудно, дека децата од ова однесување многу повеќе разбираат отколку кога ние луѓето им кажуваме истата работа по сто пати. Така децата учат што значи толеранција и почитување. За децата да не се уплашат од кучето, во секоја игра мора да учестувава родител да го координира односот помеѓу детето и кучето, затоа што малите деца обично не се свесни што може да трпи едно куче. На тој начин не може да дојде до случај детето да се уплаши и преку оваа игра детето и кучето лесно учат што смеат и што не смеат да прават. Тоа е многу добро за подоцна, кога веќе детето останува само со кучето.

 

Во денешниот свет каде сме секогаш во брзање многу малку време можеме да поминеме со нашите деца, особено малку време ни останува за нега на нашето милениче. Потребно е да се состави една листа која содржи целокупна потреба на кучето и ова многу наши деца да го пратат. На тој начин и тие учествуваат во негата на нашето милениче. Во почетокот само ги задолжуваме да ја менуваат водата на кучето, доцна да го нахранат, и на крајот можеме да ги задолжиме дури и со прожетка. Ако децата научат дека тоа е нивна грижа, тоа ја појачува одговорноста во нив према даденото задолжување

 

Кога нашето куче ќе порасне

 

Деца во многу случаеви губат заинтересираност према миленикот кога тој ќе порасне, и повторно сакаат куче во својот дом, затоа што кученцата за нив се многу поинтересни. За жал има такви луѓе кои во такви случаи миленикот го поклонуваат, продаваат или даваат на азил и одма купат ново куче, затоа што мислат дека тоа е најдобро за нивните деца. Родителите се должни да им објаснат на своите деца дека кучињата брзо растат отколку тие и дека нивниот миленик не може да се поклони, ни да се продаде, затоа што е член на семејството во кое детето живее.

Треба да се измислат нови игри и програми во кое детето и кучето ќе играат главна улога. Тоа им дава на децата голема самодоверба. Вредно е кучињата да се запишат на некоја основна обука и да се пуштат децата да ги водат. Децата нека им научат некои основни работи на обуката. Тоа преку забавца и рекреација дава и голем успех на нашите деца.

 

Зголемување на креативноста

 

Играта на децата им дава голема радост, особено кога измислуваат и прават нешто ново. Нивниот ентузијазам е уште поголем кога во ова учестува и нивниот миленик. Да ги пуштиме да пробаат сами да направат нова куќа за кучето или можеби нов поводни од некој стар каиш. Важно е тие да го работат тоа сами без помагање, но сепак во присуство на родител. Вака ја зголемуваме нивната креативност.