Новости

ГЛУМЕЦОТ АЛЕН ДЕЛОН ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН СО СВОИТЕ КУЧИЊА!

Alain Delon with his dogs
** NB 157116 **

ГЛУМЕЦОТ АЛЕН ДЕЛОН ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН СО СВОИТЕ КУЧИЊА!

И официјално добил дозвола – Ален Делон ќе биде погребан со своите кучиња!
Имено, како што пренесуваат француските медиуми, познатиот глумец, со месеци наназад се борел да добие дозвола – кога ќе умре да биде погребан со своите кучиња на имотот во местото Douchy (Loiret,Franciја)

79- годишниот француски глумец, Ален Делон, освен тоа што е познат по сјајните улоги и филмски остварувања, на светот му е познат и по љубовта кон кучињата.

Во текот на својот живот, Делон се грижел за повеќе од 35 кучиња, а колкава е неговата љубов према четвороножните пријатели говори и податокот за тоа дека им изградил посебна капела на својот имот. Во оваа капела во моментов се погребани повеќе од 35 кучиња за кои Делон се грижел сите овие години.

Со месеци наназад, Делон се борел со администрацијата со цел да си ја исполни својата животна желба – кога ќе умре да биде погребан со своите кучиња. После многуте формалности и извршените анализи на тлото, конечно ја добил дозволата да биде погребан на гробиштата каде што се погребани неговите кучиња. Инаку, во Франција е изричито забрането било кое лице да биде погребано надвор од званичните гробишта, па заради тоа борбата на Делон за оваа дозвола траела повеќе месеци.

Ален Делон како голем љубител на кучиња во текот на својот живот чувал се – од нерасни кучиња до ретривери, германски овчари. Сепак најмногу имал тибетански кучиња.

Пред некое време Ален на својот Твитер ја споделил вестта дека неговиот лабрадор ретривер Spinee преживеал многу ризична операција па ги замолил своите фанови да се молат за него.

-Смеам ли да ве замолам за една услуга? На моето куче Spinee му требаат вашите молитви. Пред 20 минути излезе од една тешка операција и му е потребна ваша помош да преживее, напишал глумецот.