Новости

Глобална телевизиска премиера на филмот „На работ на изумирањето“

IMG_1736 CREDIT Ethan Johnson-OPS

Discovery Communications го прикажуваат документарецот на оскаровецот Луи Сајхојос на ист ден во 220 земји и територии со досег од 2,7 милијарди луѓе, а со цел поттикнување промени за спас на животот на Земјата.

#StartWith1Thing

Discovery Communications претставува историски телевизиски настан, глобалната премиера на филмот ,,На работ на изумирањето“ (Racing Extinction), закажана на 2 декември во 21 часот во 220 земји и територии каде се емитува. Прикажувањето ќе започне од Нов Зеланд и ќе продолжи преку сите временски зони и цела земјина топка.
Оскаровецот Луи Сајхојос, собира тим експерти со цел укажување на загрозеноста на животинските видови и нивна заштита од масовно изумирање.

Патувајќи низ целиот свет успешно се инфилтрира во некои од најопасните црни пазари и со најсовремена технологија ја документира врската меѓу емисијата на јаглен диоксид и изумирањето на видовите.
Научниците предвидуваат дека човекот ќе предизвика губење на 50% од сите видови до крајот на векот. По петтото изумирање кое е означено со исчезнувањето на диносаурусите, тие веруваат дека сме навлезени во шестата ера на изумирање во историјата на Земјата. Нашата ера наречена Антропоцен или „доба на човекот“, покажува дека човекот предизвикал катаклизмички промени на околината и животинскиот свет, но од друга страна сме и единствените кои може да ги запреме промените кои сме ги создале.

„Овој проект го актуализира најважниот проблем со кој светот мора да се соочи, а тоа е губиток на биолошкиот диверзитет до епски размери. Верувам дека со помош на Discovery може да допреме до луѓето и да ги покренеме промените за да ја зачуваме планетата и видовите кои живеат на неа“-изјави режисерот Луи Сајхојос.
„Филмот треба да го погледнат сите луѓе на светот, затоа што ја покажува сериозната закана со која се соочува нашата убава сина планета. Уште поважно, покажува како сите заедно, ако тргнеме од една работа, можеме да ја оставиме планетата и поздрава од претходно“-изјави Џон Хофман, извршен потпретседател на документарната програма на Discovery Channel.

Никогаш не е прикажан филм како овој, филм кој ќе ве поттикне да се сочувствувате со нашата планета. Луи Сајхојос поткрена амбициозна мисија, за јасно да ни го стави во фокус човековото влијание врз изумирањето на видовите, истовремено инспирирајќи не да ги прифатиме решенијата кои ќе осигураат успешен и разновиден свет за идните генерации.
Премиерата на филмот „На работ на изумирањето“ ќе го привлече вниманието на целиот свет и ќе покаже како човековото влијание ве води кон шестата доба на изумирање на Земјата. Во наредните 100 години, светот би можел да изгуби 50% од сите диви видови. Само во последните 100 године исчезнаа 90% од гепардите и дури 97% од популацијата на тигрите. Морски желки, леопарди, носорози и орангутани се некои од бројните видови чии денови се одброени ако не преземеме нешто.
Овој интензивен документарен еко-трилер е снимен со тајни операции и со помош на врвна технологија открива илегално тргување со растителниот и животинскиот свет. Истовремено, животниот стил на човекот и индустрискиот свет кои го создадовме доведе до масовно изумирање. Моменталните нивоа на емисија на јаглен и киселоста на океаните не се соодветни за зачувување на биодиверзитетот.

На 2 декември во 21 часот, гледајте го „На работ на изумирањето“ заедно со целиот свет и покренете ги промените.

#StartWith1Thing кампања

Заедно со премиерата на „На работ на изумирањето“, Discovery ја покрена и светската иницијатива и кампања #StartWith1Thing која е насочена кон зачувување на видовите и повикува на акција која ќе ги покрене гледачите да направат „1 работа“ за да ја спасат планетата на која живеат.
#StartWith1Thing настојува да го обедини светот околу едноставните промени на животните навики кои можат многу да помогнат на загрозените видови и околината, но и на целото човештво. Discovery ќе ја искористи глобалната премиера и придружните платформи, вклучувајќи и содржина одберена за оваа пригода, дигиталните и социјалните медиуми, виртуелната реалност и заедно со своите партнери ќе ја поттикне љубопитноста и глобалната акција со која секој може да ја преземе нешто во своите средини: борба против трговијата со дивите животни, снижување на емисијата на јаглеродниот диоксид преку користење на зелена енергија, начинот на транспорт, поддржување на зелените акции, консумација на помалку месо итн.

Кампањата ќе поттикне индивидуални акции со цел докажување на влијанието кое може да се направи кога успешно ќе ги обедините луѓето во една глобална заедница. Гледачите ќе бидат мотивирани да најдат инспирација за сопствената „1 работа“ која треба да ја преземат со посетување на #StartWith1Thing рубриката на страната racingextinction.com. Гледачите ќе може да одберат „1 работа“ и ќе им биде понуден избор од дневни, неделни и месечни активности како и можност за следење на напредокот на светот по ова прашање.