Новости

Габриел Стибел: Проклет да е денот кога почнав да се занимавам со Кинологија !!!

546625_3871669749318_1869871582_n

Габриел Стибел: Проклет да е денот кога почнав да се занимавам со Кинологија !!!

Еден од нашите најафирмирани Кинолошки судии и човек кој долги години е во самиот врв во раководството на Кинолошкиот Сојуз на Македонија , Г-динот Габриел Стибел со емотивна порака на социјалната мрежа Фејсбук со наслов ПРОКЛЕТ ДА Е ДЕНОТ КОГА ПОЧНАВ ДА СЕ ЗАНИМАВАМ СО КИНОЛОГИЈА !

Статусот напишан од официјалниот профил на Г-динот Стибел речиси доаѓа и како големо изненадување ако знаеме дека токму тој беше човекот задолжен за промоција на последните Кинолошки манифестации кој се оддржуваа кај нас.

Веќе подолго време се случуваат големи промени и потреси во Кинологијата кај нас односно во Кинолошкиот Сојуз на Македонија , сведоци сме на лоша Кинолошка сезона кај нас каде речиси изложбите и интересот на нашите излагачи за учество на изложбите е се помал од година во година , на што се должи оваа изјава на Г-динот Стибел и што стои позади неа се надеваме дека ќе дознаеме во деновите кој престојат , дали повторно нешто се случува во КСМ и во раководството е прашањето кое после овој статус на Г-динот Стибел ја разбуди љубопитноста на нашата кинолошка јавност , остануваме да ги следиме случувањата за што во текот на утрешниот ден ќе побараме и официјална изјава на Г-динот Стибел .

Статусот на Г-динот Стибел Ви го пренесува во целост…..

ПРОКЛЕТ ДА Е ДЕНОТ КОГА ПОЧНАВ ДА СЕ ЗАНИМАВАМ СО КИНОЛОГИЈА , кинологијата ми нанесе повеќе штета и болка одколку убави моменти , денеска наместо да сум расположен и да прославувам 20 години од брак со мојата сопруга , јас живците ги искинав со лицемери ситни луге во душа ама сам сум си крив секогаш , секогаш сами сме си криви за работите кој ни се случуваат . Затоа каснетеме , тргнете ме од Кинологија ако мислите дека така ке се спасам и остатокот од животот ке го поминам на раат, а за ова денес што ми се случи кога тогаш ке се вратам се колнам додека дишам и додека сум жив ке вратам за денес што ми е направено !!!

Статусот е објавен на Фејсбук на Кинолошката група- Dog Show In Macedonia .