Новости

Внимание при набавка на кучиња – Кучиња од фармите од Србија и Унгарија!!!

DSC_8772

Почитувани посетители на Купимиленик.мк , со големо жалење, гнев и нервоза авторот на овој текст Ви го пишува ова известување кое е со намена да Ве известиме за се што постои во овој така наречен пазар со кучиња !!!

Чувањето на кученце во семејството е задоволство, станува секојдневние и многу семејства и љубители на кучињата секојдневно купуваат кученце за своите дечиња и за своето семејство , многу универзитети и експерти во целиот свет излегоа со свој докажани тези за тоа колку е добро децата да растат во соживот со кученце , дечињата стекнуваат обврска , ја споделуваат среќата и тагата со кучето а постојат и некој тези каде што се вели дека дечињата кој растат со миленик – кученце се отпорни на алергии и сл.

Купимиленик.мк во повеќе наврати на неколку јавни форуми и огласи пишуваше и укажуваше колку е важно да знаеме и да се информираме од каде доаѓа нашето идно кученце, дека тоа треба да е здраво и кинолошки исправно, да е од професионален одгледувач или одгледувачница.

За жал денеска постојат многу фарми на кучиња , најчесто се од Србија и Унгарија и помал дел во Бугарија , тие фарми се создадени за произведување на кучиња беа притоа да се запази квалитетот на кучето и неговата здравствена состојба.

Фармите најчесто се наоѓаат во некој мали села , магацини , шупи, подруми и слично , далеку од очите на јавноста.
Таму буквално кучињата ги чуваат за парење на секој 6 месеци ,буквално произведување на кучиња , без евиденција на генетско парење, роднински врски и слично.
Фармите се хангари со кафези и во бизерни услови,таму се произведуваат кучиња кој се со генетски заразни болести , инфекции , кој најчесто завршуваат со смрт на кученцето или со тешки деформитети при растот на кучето, а да не го занемариме фактот дека некој од тие болести – алергии и тоа како можат да бидат преносливи на човечкиот организам од причина што тоа куче ќе биде во постојан контакт со новиот сопственик.

Во прилог на овој текст ви презентирам слики од таков хангар на кучиња кој се наоѓал во Унгарија каде по неколку годишно постоење и замислете…..произведување на 600 кучиња во годината кој се продавале за територијата на Балканските земји , истата фарма е затворена од Унгарската полиција по долги најави од друшствата за заштита на животни и од оштетени сопственици на кучиња кој купиле куче од фармата или го купиле од препродавач кој соработувал со оваа фарма.

Вакви фарми постојат многу , навистина МНОГУ , овие глетки се страшни и вознемирувачки но со овој информативен текст сакаме како сајт за набавка на кучиња да Ви упатиме јасна порака која гласи ВНИМАНИЕ ПРИ НАБАВКА НА КУЧЕНЦЕ !!!

На нашите огласни вебстрани , можеме секојдневно да прочитаме огласи за набавка на кучиња или пак огласени кучиња од сите раси од еден сопственик на огласот со исти телефонски број или пак локација за продажбата.

Гледаме фотографии од огласените кученца кој потоа истите можеме да ги најдеме на некој од интернет пребарувачите со што само ни укажува дека тие фотографии се превземени а кученцата кој се продаваат и ни се нидат воопшто не се тие него некој сосема други за кој ние како идни сопственици никогаш нема да знаеме од каде ни е дојдено кученцето и кое е неговото потекло, нема да знаеме што се генетика носи и дали е заразено со некој болести и генетски наследни мани кој да потенцираме уште еднаш дека можат да бидат фатални за животот на кученцето но и за нас како идни сопственици на кучето со кое ќе бидеме во постојан контакт.

Сведови сме како на социјалните мрежи и огласниците кај нас се повеќе се појавуваат ликови поединци кој се декларираат како увозници на кучиња од најразлични раси.

До Купимиленик.мк изминатиов период пристигнаа навистина доста поплаки од наши граѓани кој купиле куче од ваквите препродавачи и останале измамени со тоа што не добиле родовници и документација за кучињата или пак имаме ситуации каде се донесени болни кучиња со генетски болести демодекс и со тешки кинолошки грешки и деформитети .
Со самото тоа имавме потреба за ваков тип на текстда објавиме на нашиот портал за што имаме се повеќе индиции дека и кај нас се увезуваа т.е шверцуваат кучиња од фармите од Србија и Унгарија !!!

Затоа почитувани посетители и пријатели на Купимиленик.мк – Ве молиме да посветите големо внимание при набавката на кученце,цената на кученцето не е секогаш пресудна од аспект на тоа сведоци сме што се се случува во овој таканаречен пазар ,тоа кученце ќе биде дел од вас,ќе биде во постојан контакт со вашите дечиња, затоа ве молиме пред набавката на кученце детално да се информирате од каде тоа доаѓа и кој гарантира за здравствената состојба на истото, кој се гаранциите кој ви се понудуваат и кој е начинот на увоз на кучето!

Како веб портал кој директно се занимава со продажба на кучиња , упатуваме јасна порака до сите оние кој во иднина сакаат да си набават кученце и да не е тоа преку нашиот портал , Купимиленик.мк преку својот тим ви стои на располаѓање за секаков вид консултација или совет за истото.

Во периодов кој предстои на нашиот вебпортал почесто ќе се објавуваат информативни текстови со оваа проблематика се со цел за будење на свеста на сите оние кој сакаат да си набават кученце , низ низа текстови од најразлични примери и изјави ќе пробаме да ја разбудиме свеста.

Во прилог на овој инфо текст и интервјуто на Купимиленик.мк за АЛФА ТВ за горенаведената тема.

Стефан Кирков
Купимиленик.мк