Новости

Викендов е резервиран за Кинолошкиот настан – Две Меѓународни изложби и патот води кон Хотел Белви во Скопје!

1

Почитувани ,

Конечно го дочекавме и Кинолошкиот викенд во Скопје , две мегународни изложби и повеке од 400 кучиња пријавени за учество за двата дена како што информираат од Кинолошкиот Сојуз на Македонија кој ни најавува прекрасна органзиација на изложбите со место на оддржување во Хотел Белви – сабота и недела со почеток во 10 часот.

Не очекува сончев викенд , прекрасна прилика за сите вас да излезете од домовите и да го посетите хотелот Белви каде ке ни се престават и такмичат кучиња од сите видови на раси со учество и на одгледувачници од Македонија но и од другите земји , од Кинолошки Сојуз велат дека се е подготвено а ние со нашите објективи ќе бидеме спреми за да го регистрираме секој пес и целото случување викендов .

Почитувани , викендов нека е резервиран празник за Кинологијата во нашиот главен град, се гледаме утре и задутре во Хотел Белви !

Купимиленик.мк